• понеделник, 15 декември 2025

Сенатот на САД не изгласа резолуција за блокирање на глобалните царини на Трамп

Сенатот на САД не изгласа резолуција за блокирање на глобалните царини на Трамп

Вaшингтон, 1 мај 2025 (МИА) - Републиканците во Сенатот на американскиот Конгрес со тесно мнозинство го отфрлија предлогот на демократите за резолуција со која ќе се блокираат глобалните тарифи воведени од американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, а чија имплементација беше одложена за 90 дена.

Суспензијата на американските царини за голем број земји низ целиот свет, што требаше да стапи на сила на 9 април, е одложена за 90 дена, освен за Кина.

Американските царини кон Кина се зголемени на 125 проценти. зш/

Остани поврзан