• вторник, 24 декември 2024

Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да одлучува за војна или мир 

Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да одлучува за војна или мир 

Вашингтон, 29 март 2023 (МИА) - Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за укинување на резолуците донесени во 1991 и 2002 година за воени операции во Ирак, како прв чекор кон тоа Конгресот да си го врати правото да одлучува дали САД да одат во војна или не. 

За многумина, овластувањето што го поседуваше извршната власт, беше грешка. 

Во текот на инвазијата на Ирак во 1990-те се проценува дека биле убиени стотици илјади, а речиси 5.000 американски војници беа убиени во војната откако администрацијата на претседателот Џорџ Буш-помладиот погрешно тврдеше дека Садам Хусеин складирал оружје за масовно уништување. 

- Ова тело побрза во војна што имаше огромни последици, рече сенаторот од Вирџинија Тим Кејн, демократ, кој со години се залагаше за укинување на овластувањата. 

Сенаторите гласаа 66 „за“ наспроти 30 гласа „против“ да се укине мерката од 2002 година, а исто така и овластувањето од 1991 година, што ја санкционираше Заливската војна предводена од САД. 

Претставничкиот дом на САД, исто така треба да го изгласа укинувањето на ова овластување, иако тоа нема да влијае на тековните воени планови и распоредувања. 

Се предвидува законодавачите од двете партии да ги вратат овластувањата на Конгресот, што ги дадоа на Белата куќа, да одлучува за американските воени планови и распоредувања. 

Некои законодавачи кои гласаа за војната во Ирак пред две децении сега велат дека тоа било грешка. кб/паг/ 

 
 
 

Остани поврзан