• недела, 24 ноември 2024

Сенаторот Ренд Пол позитивен на тестот за коронавирус

Сенаторот Ренд Пол позитивен на тестот за коронавирус
Вашингтон, 22 март 2020 (МИА) - Сенаторот Ренд Пол, истакнат републиканец кој ја претставува сојузната држава Кентаки, бил позитивен на тестот за коронавирус, соопштија од неговиот кабинет на Твитер. Тој е прв американски сенатор инфициран од заразата. Притоа, Пол не покажувал никакви симптоми. -Тој сега е во карантин, а беше тестиран поради претпазливост од многуте патувања и настани. Не знае дали има направено директен контакт се некое инфицирани лице, вели во соопштението. Се додава дека тој ќе се врати во Сенатот по карантинот. Неколку други членови на Конгерсот заминаа во самоизилација откако се посомневаа дека биле во контакт со лица инфицирани од вирусот. Претходно, министерот за финансии на САД изјави дека Вашингтон се надева да се справи со кризната ситуација околу пандемијата на коронавирус во земјата за десет до 12 недели. кб/сд/

Остани поврзан