• вторник, 19 ноември 2024

Семпличи назначен за нов тренер на Каљари

Семпличи назначен за нов тренер на Каљари
Каљари, 22 февруари 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Каљари го назначи вечерва Леонардо Семпличи за нов тренер, неколку часа откако клубот од Сардинија го разреши од должноста Еузебио Ди Франческо. „Семпличи потпиша договор до јуни 2022 година“, соопшти Каљари. Семпличи претходно денеска постигна спогодбен раскин на соработката со членот на Серија Б, СПАЛ, екипа која ја презеде во 2014 година, а четири години подоцна ја промовираше во прволигаш за прв пат во клупската историја. Неговиот нов клуб нема победа од ноември минатата година, а во последните 15 првенствени натпревари освои само пет бодови и се наоѓа на 18 место на табелата во Серија А. ег/

Остани поврзан