• понеделник, 18 ноември 2024

Семки од тиква - погодни за слабеење

Семки од тиква - погодни за слабеење

Лос Анџелес, 9 октомври 2024 (МИА) - Семките од тикви би можеле да бидат „грицките“ погодни за слабеење, според најновите сознанија на стручњаците. Имено, една мала лажица семки од тиква дневно му дава на телото доволно магнезиум, цинк, железо, витамин Е, омега-3 масни киселини и антиоксиданси, пишува „Бест лајф“ (Best Life).

Влакната се она што ги прави овие семки корисни за слабеење, бидејќи подолго го задржуваат чувството на ситост, го подобруваат варењето и го регулираат шеќерот во крвта.

Семките од тиква се богати и со протеини, коишто имаат улога во слабеењето со тоа што го спречуваат прејадувањето и причинуваат подолга ситост.

Сировите, несолени семки можат да помогнат во намалувањето на внесот на масти, калории и натриум. Можат да се додадат во јогурт, смути па и јадења со тестенини или во пржени компирчиња.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан