• четврток, 19 декември 2024

Семинар за заштита на авторските права во Галерија „КО-РА“

Семинар за заштита на авторските права во Галерија „КО-РА“

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Во рамките на  културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028,  а во рамкие на проектот CreArt, денеска во Галерија „КО-РА“ – голем  салон при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе се одржи Семинар за заштита на авторските права.

Во рамките на семинарот предвидени се две панел дискусии со учесници од повеќе области и различни институции со најавени теми.  

- Ќе се дискутира  за законската рамка, искуствата на уметниците со оваа проблематика, поврзана со Законот за заштита на авторските права во контекст на новите технологии и општествените промени. Во дискусијата се очекува и вклучување на учесниците за тоа кои реформи можат да бидат неопходни за подобра заштита на правата на создавачите, најавуваат организаторите. вг/лв/

Фото: покана

 

Остани поврзан