• среда, 18 декември 2024

Семејство со две деца заглави во снегот близу Леуново

Семејство со две деца заглави во снегот близу Леуново

Гостивар, 1 декември 2024 (МИА) – Семејство со две деца со автомобил утринава заглавиле во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро. 

Од ЦУК информираат дека гостиварските пожарникари пријавиле дека утрово во 10:21 часот има заглавени лица во снегот кај селото Леуново. 

Во околината на Маврово до утрово наврнаа близу осумдесет сантиметри снег што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Од РЦУК Тетово известуваат дека добиле информација од претпријатието задолжено за одржување на магистралните и регионалните патни правци дека висината на снежната покривка е околу 80 сантиметри. Чистењето на снегот на патот околу Мавровско Езеро дополнително го отежнуваат и паднатите дрвја на коловозите. згм/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан