• недела, 29 декември 2024

Семејството на новинарот Кашоги им прости на убијците

Семејството на новинарот Кашоги им прости на убијците
Ријад, 22 мај 2020 (МИА) - Семејството на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги соопшти дека им простува на неговите убијци. „На оваа благословена ноќ од благословениот месец, се сеќаваме на Божјата изрека дека наградата кај Алах ја заслужува оној што простува и прави помирување“, напиша на Твитер синот на Кашоги, Салах. Тој додаде дека синовите на убиениот новинар им простуваат на убијците за да заслужат награда кај Господ. Новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги беше убиен во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година, каде тој отиде на закажана средба со цел да поднесе лични документи за венчавка. По неколкудневно негирање, властите на Саудиска Арабија признаа дека Кашоги е убиен, а подоцна судот во Саудиска Арабија изрече смртни казни за петмина обвинети. паг/  

Остани поврзан