Семејството на инспекторката Лидија Трајковска обвинува за долготраен притвор, ОЈО Куманово вели дека делото „примање поткуп е сериозно
- Семејството на осомничената инспекторка за примање мито, Лидија Трајковска, на денешната прес-конференција пред Основниот суд Куманово, обвини за долготраен притвор, на нивната мајка и сопруга и за како што кажаа тортура против нивното семејство. Тие бараат институциите да ја преиспитаат работата на судот и обвинителството. Обвинителот Зоран Марковски во изјавата за медиумите пак кажа дека обвинителството целосно ја спровело истражна постапка против, дека бил сослушан сведокот и оти станува збор за сериозно кривично дело, како и дека биле преземени дејствија од ОЈО и од СВР Куманово, а била побарана и прифатена мерка за притвор. ОЈО Куманово негира каков било „заговор“ против обвинетата.

Куманово, 4 февруари 2025 (МИА) - Семејството на осомничената инспекторка за примање мито, Лидија Трајковска, на денешната прес-конференција пред Основниот суд Куманово, обвини за долготраен притвор, на нивната мајка и сопруга и за како што кажаа тортура против нивното семејство. Тие бараат институциите да ја преиспитаат работата на судот и обвинителството. Обвинителот Зоран Марковски во изјавата за медиумите пак кажа дека обвинителството целосно ја спровело истражна постапка против, дека бил сослушан сведокот и оти станува збор за сериозно кривично дело, како и дека биле преземени дејствија од ОЈО и од СВР Куманово, а била побарана и прифатена мерка за притвор. ОЈО Куманово негира каков било „заговор“ против обвинетата.
- Прес конференцијата ја свикавме да ги замолиме надлежните институции да ја преиспитаат работата на кумановскиот суд, посебно работата на судијата Савре Спасовски за тортурата која ја вршат над мојата мајка Лидија Трајковска, осомничена за наводно земање мито, и тортура на целото наше семејство. Притворот од страна на судија на претходна постапка беше одреден на ден втори ноември лани, само и само како што стои во решението „можно влијание на сведоци и попречување на истрагата“. Судијата на претходна постапка го одби тогаш предлогот на обвинителството да се одреди притвор и „поради опасност од бегство“ и со тоа го задолжи обвинителот да во најкраток рок ја заврши истрагата, изјави Нена Трајковска, ќерка на осомничената.
Семејството на прес-конференцијата кажа дека истрагата завршила на 27 ноември и го обвинија предметниот обвинител Зоран Марковски дека сослушал само еден сведок. За семејството е нејасно зошто после завршената истрага е продолжен притворот, со обрзаложеие дека може да влијае врз сведоци. Семејството Трајковски вели дека судијата три пати го продолжувал притворот со образложение да не влијае врз сведоци и да не се даде во бегство. За нив е нејасно зошто иста одлука носи и Апелација.
-Трет пат повторно судијата Савре Спасовски го продолжува притворот пред да стигне одговор од апелација. Овој пат нашата жалба делумно е прифатена со што се отвора можност ние да понудиме гаранција за замена на затворскиот притвор и како гаранција го даваме станот каде што живееме јас и мојата сестра. По што судијата Савре Спасовски има усни забелешки дека тоа е малку и ние ја даваме како гаранција и нашата семејна куќа каде што живеат мајка ми и татко ми односно целиот имот што го поседуваме како семејство. На секои неколку дена судијата имаше апсурдни барања коишто беа исполнувани од наша страна за на крај гаранцијата да биде одбиена без законско образложение. Сите наши жалби и молби се држат со денови и недели и се манипулира со времето иако се работи за притворски предмет за кој по закон треба да се одлучува итно, рече Трајковска.
Семејството кажа дека станува збор за 60 годишна жена, со хронични болести за што имала потврда од две здравствени установи.
- Поради ваквата работа на судството и обвинителството и довербата од два проценти е многу, а нашата борба нема да застане тука, кажа Нена Трајковска.
Обвинителот Зоран Марковски во изјавата за медиумите пак кажа дека обвинителството спровело истражна постапка и дека станува збор за сериозно кривично дело, по што била побарана и прифатена мерка за притвор. Од ОЈО Куманово велат дека „обвинетата на лице место била затекната како го прима поткупот со обележани пари“.
- Обвинетата Лидија Трајковска од Куманово за кривично дело примање поткуп од член 35-7 став четири во врска со став еден од Кривичниот Законик. Во текот на истрагата беа преземени бројни дејствија од страна на јавното обвинителство и од СВР Куманово од каде што се утврди основано сомневање дека обвинетата го има сторено ова кривично дело. Во рамките на истрагата беше сослушан оштетениот односно лицето од кое обвинетата побарала поткуп одреден паричен износ, беше спроведена и посебно истражна мерка стимулирано давање и примање на поткуп каде што во еден познат ресторан во Куманово обвинетата на лице место беше затекната како го прима поткупот со обележани претходно пари од СВР Куманово, изјави за медиумите, обвинителот Марковски.
Обвинителот кажа дека станува збор за сериозно кривично дело и во текот на истрагата и била побарана мерка притвор, што било прифатено од Основниот суд во Куманово, потврдени и од Апелација.
- Со последното решение кое од десетти први 2025 година каде што се потврдуваат и нашите основи дека мерката притвор во оваа фаза на постапката како мерка за обезбедување е најцелисходна. Во однос на гаранциите, од судот беше побарано од ОЈО Куманово беше доставено барање за мислење да се произнесеме по однос на замена на оваа мерката притвор со гаранцијата ние како јавно обвинителство дадовме негативно мислење во тој поглед, бидејќи сметавме дека сè уште постојат основите за обезбедување на присуство со мерката притвор и според моите сознанија гаранцијата не е прифатена од судот, изјави обвинителот.
Мерката ќе остане до завршување на кривичната постапка. Во однос на сослушување на еден сведок од обвинителството кажаа дека е сослужан најважниот сведок, а полициските службеници ќе бидат сослушани на главната расправа за која кажа дека ќе биде транспарентна.
- Да напомнам дека апсолутно беа преземени сите дејствија сите потребни дејствија за да може да биде издржан обвинителниот акт судењето сè уште не е почнато сослушан беше оштетениот како најбитен сведок дали потврди околу дејствијата на објективно додека во однос на полициските службеници тие се предложени да бидат сослушани како сведоци во рамките на главната расправа така што во оваа фаза од постапката сите материјални вербални докази сметам дека се доволни да докажеме теоријата на јавното обвинителство пред судот секако земајќи ја предвид презумпцијата на невиност, која сите треба да ја почитуваме, рече Марковски.
Обвинителството вели дека нема никаков „заговор“ против обвинетата.
-Освен овој случај воо рамките на ОЈО се води уште една кривична постапка против сега обвинетата, поднесен е обвинителен акт за „злоупотреба на службена положба и овластување“ кај друг обвинител, имаме отворено и предистражна постапка за обвинетата за други злоупотреби, каде што евентуално можат да се јават и други оштетени. Во фаза на предистрага е и не можам да споделам детали, рече обвинителот. ам/аа/
Фото: МИА