• вторник, 12 ноември 2024

Семејствата на заложниците држени во Газа започнуваат марш барајќи нивно ослободување

Семејствата на заложниците држени во Газа започнуваат марш барајќи нивно ослободување

Ерусалим, 28 февруари 2024 (МИА) - Семејствата на заложниците држени во Газа и нивните поддржувачи започнуваат четиридневен марш од јужен Израел до Ерусалим за да побараат ослободување на нивните најблиски.

Маршот доаѓа во време кога во Катар се водат разговори за постигнување договор меѓу Хамас и Израел за прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „таков договор е на пат“, но израелските и претставниците на Хамас беа скептични за неговиот оптимизам.

Преговарачите од САД, Египет и Катар работат на рамковен договор според кој Хамас ќе ослободи некои од десетиците заложници што ги држи во замена за ослободување на палестинските затвореници и шестнеделен прекин на огнот. За време на оваа пауза на борбите ќе продолжат преговорите за ослободување на преостанатите заложници.

Војната создаде хуманитарна катастрофа во Газа и ја зголеми меѓународната загриженост за ситуацијата во Рафа, најјужниот град во Газа на границата со Египет, каде 1,4 милиони Палестинци побараа засолниште од секојдневните израелски воздушни напади, започнати откако борците од Хамас ги нападнаа израелските населените места на 7 октомври при што загинаа околу 1.200 луѓе. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан