• недела, 24 ноември 2024

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес

Ерусалим, 8 јули 2024 (МИА) - Групата што ги претставува семејствата на израелските заложници кои се држат во Појасот Газа денеска апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи својот говор пред американскиот Конгрес додека не се потпише договор за ослободување на нивните роднини.

Нетанјаху треба да зборува на заедничката седница на Конгресот на 24 јули.

Израел и Хамас во моментов водат разговори преку посредници кои треба да доведат до крај на војната, ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас и ослободување на стотици палестински затвореници од израелските затвори.

Групата го повика Нетанјаху да му даде приоритет на договорот, пред да отпатува во странство.

„Говорот без конкретни дејствија за склучување договор и враќање на нашите најблиски дома е прерано да се одржи“, велат од групата што ги застапува семејствата на заложниците, истакнувајќи дека враќањето на сите заложници во моментов е главен приоритет.

Како што пренесуваат странските агенции, семејствата на заложниците се сè понезадоволни од Нетанјаху, бидејќи сметаат дека неговата влада не можела или не сакала да ги врати киднапираните дома.

На протестите низ целата земја во неделата беше побарано Нетанјаху да склучи договор со кој ќе се ослободат заложниците, а побараа и негова оставка. паг/

Фото: МИА архива



 

 

 

Остани поврзан