• четврток, 26 декември 2024

Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли
Лос Анџелес, 9 јули 2020 (МИА) - По бурниот неколкугодишен развод кој заврши лани, Бред Пит и Анџелина Џоли сега се во добри пријателско-родителски односи. Тоа, веројатно, е резултат на „долго семејно советување",како што открива неименуван извор близок до двојката, за списанието „Пипл“. Тие двајца имаат шест деца: Медокс (18), Пакс (16) Захара (15), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12 години). - Сигурно е тоа дека ним им требаше помош, за да ги решат проблемите околу старателството и како Бред одново може да биде татко. Сега, кога децата се поголеми, тие веќе не претставуваат причина за раздор. Им одзеде многу време, со долга семејна терапија, за да стигнат до таа точка. Бред сака да минува колку што може повеќе време со децата, вели анонимниот пријател. Клучен миг, според него, бил договорот за старателство. - Бред и Анџелина изминаа долг пат. За изненадување на многумина од најблиските нивни пријатели, комуникацијата значајно им се подобри и тие двајцата сега се посветени на родителството, додава неименуваниот пријател на поранешниот брачен пар.  си/

Остани поврзан