• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Селтик објави две нови засилувања

Селтик објави две нови засилувања
Глазгов, 19 јули 2022 (МИА) - Шкотскиот фудбалски клуб Селтик објави дека го заврши двојното засилување со австралискиот интернационалец Арон Муи и дефанзивецот на Лориен, Мориц Јенц. Муи (31) бил слободен агент по неговото заминување од кинескиот суперлигаш Шангај Порт и имал разговори со неколку други клубови пред да се одлучи за преселба во Селтик. Играчот од средниот ред потпиша двегодишен договор за повторно обединување со менаџерот Анж Постекоглу со кој соработуваше за време на неговите настапи со австралискиот тим. Јенц, пак, се приклучува на заем од Франција со опција за купување вклучена во договорот за клубот од Паркхед. ар/бак/

Остани поврзан