• четврток, 26 декември 2024

Селта конечно се раздели со Рафаел Бенитез

Селта конечно се раздели со Рафаел Бенитез

Виго, 30 април 2024 (МИА) - Рафаел Бенитез беше отпуштен од функцијата тренер на Селта, поради лоши резултати, веќе на 12 март. Сепак, тој никогаш не го потпишал договорот за разделба со клубот до денес, 30 април, кога тоа конечно се случи. Во летото 2023 година, Шпанецот потпиша 3-годишен договор со галицискиот клуб.

Клубот официјално објави дека Селта и Бенитез постигнале договор за конечна разделба. Ова се случува 50 дена по отпуштањето на стручњакот.

Главна точка на запирање во преговорите беше третата година од договорот, во која секоја страна може да се раздели на крајот од втората сезона. Оваа клаузула во договорот ја натера Селта да протолкува дека минатата година не треба да биде вклучена во обештетувањето, додека адвокатите на Бенитез тврдеа за сите три сезони. Правните застапници на клубот и тренерот се сретнаа на 12 април во SMAC (Канцеларија за медијација, арбитража и помирување) без да можат да постигнат договор.

Така конечно, по повеќенеделни преговори, Бенитез и галицискиот клуб постигнаа договор да потпишат документ за конечна разделба. дс

Фото: Архива

Остани поврзан