• недела, 28 јули 2024

Селото Факинг повторно мета на вандали

Селото Факинг повторно мета на вандали
Факинг, 9 декември 2020 (МИА) - Откако минатата недела австриското село Факинг (Fucking), врз основа на одлуката на општината, беше преименувано во Фугинг, сега повторно е цел на вандализам. Промената на името се случи поради неговиот „незгоден“ изговор на англиски јазик... Но, се чини, ни тоа засега не носи мир во тоа место, кое често е цел на непристојности и вознемирувања. Непознати лица со спреј ги исчкртале „gg“ и додале „ck“, враќајќи го старото име на селото. И порано, ова место се соочуваше со чести вандалски чинови, но тогаш им ги крадеа табличките со името. Местото во провинцијата Горна Австрија, просто, стана место за „идолопоклониците“ на селфито, како и мета на бројни шеги на интернет.  си/сд/

Остани поврзан