• среда, 25 декември 2024

Селма Хајек: Мислам дека во куќата во Лондон имав духови

Селма Хајек: Мислам дека во куќата во Лондон имав духови
Лондон, 9 ноември 2021 (МИА) - Глумицата Селма Хајек поверувала дека во нејзиниот дом во Лондон имало духови. Таа на гостувањето во Шоуто на Елен објасни дека мистериозните работи во куќата стигнале дотаму, што морале да повикаат и „истерувач“. - Мислам дека (куќата) беше опседната... Не е повеќе, дефинитивно не е како порано!, рече Селма. - Не го видов ова... Но, еден телохранител не сакаше веќе да работи кај нас бидејќи клавирот свирел само од себе... Светлата се палеле и гаселе... Вратите и прозорците се отворале и затворале... Сум видела дел од тоа. Многу други луѓе во куќата го виделе тоа, раскажува таа. И ќерката на Селма - Валентина, која има 14 години, потврди дека видела духови во неколку наврати. Сопругот на Селма, Франсоа-Анри Пино, мислел дека сè тоа се „глупости“, но таа решила да повика „истерувач на духови“. - Така, тој дојде... И, почна да оди низ куќата и вели: „Да, има една стара дама овде и едно дете“, и ова и она... Тогаш, сите уште повеќе „одлепија“, затоа што тој најде, да речеме - 20 (духови), продолжи глумицата. Еден од духовите, наводно бил калуѓерка... - Таа има добри вибрации. Таа останува!, раскажува Селма на шега. Според Валентина, сè уште има некои „неканети гости“, но и таа се сложува оти, за среќа - носат добри вибрации.  си/сд/

Остани поврзан