• недела, 24 ноември 2024

Селими назначен за селектор на фудбалската репрезентацијата до 17 години

Селими назначен за селектор на фудбалската репрезентацијата до 17 години

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.

Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години  предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари  против соодветната селекција.

- За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми , но верувам во добри настапи, изјави Селими за веб-страницата на ФФМ.

Натпреварите со Црна Гора ќе се играат денес и в четврток, двата со почеток во 18:45 часот. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан