• петок, 27 декември 2024

Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот

Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот
Лос Анџелес, 25 септември 2020 (МИА) - Пејачката Селена Гомез со слика од себе на Инстаграм, ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот, а нејзините обожаватели ѝ пружија безрезервна поддршка. „Кога ми направија трансплантација на бубрег, се сеќавам дека на почетокот ми беше многу тешко да ја покажам лузната... Не сакав таа да се гледа на фотографии, па затоа носев работи што ќе ја покријат. Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум јас и низ што поминав... И, горда сум на тоа“, напиша Селена меѓу другото. Нејзината поента, односно главната порака е дека секое тело е убаво. Пред речиси четири години, во 2017., нејзината пријателка, глумицата Франсија Раиса ѝ подари бубрег. си/

Остани поврзан