• сабота, 23 ноември 2024

Селекторот Смилковски одбра 18 кошаркари за Евробаскетот до 20 години

Селекторот Смилковски одбра 18 кошаркари за Евробаскетот до 20 години

 

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) – Македонската младинската машка кошаркарска репрезентација ова лето ќе настапи на Европското првенство за кошаркари до 20 години.

За младинскиот Евробаскет во А Дивизијата што од 13 до 21 јули ќе се одржи во полскиот град Гдиња селекторот Боро Смилковски денеска го објави списокот со 18 кошаркари.

Стартот на подготовките на македонската репрезентација, како што е соопштено попладнево, ќе стартуваат на 10. јуни во СРЦ „Кале“.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. До крајот на јуни планирани се и два контролни дуели против Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.

На списокот на селекторот Смилковски се најдоа 18 кошаркари – Андреј Шошкиќ – Работнички, Михаил Стојанов – ТФТ, Ненад Јовановиќ – Росето, Рубин Стефанов – Пескара, Алек Петкоски – Феникс 2010, Петар Бошалески – Работнички, Лука Димитриевски – МКК Куманово, Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка, Ангел Кечовски – Ангели, Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром, Петар Башоски – Кастиља, Григориј Јакимовски – Рапало, Никола Бојчев – Еуро Никел 2005, Павел Иванов – Кожув, Тома Стојаноски – Гостивар, Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП, Метин Саити – Работнички, Теодор Симиќ – Игокеа. ег ФОТО: КФСМ

 

Остани поврзан