• вторник, 24 декември 2024

Селекторот на Хрватска: Модриќ не е среќен во Реал Мадрид

Селекторот на Хрватска: Модриќ не е среќен во Реал Мадрид

Мадрид, 14 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Хрватска - Златко Далиќ, даде интересно признание, наведувајќи дека ѕвездата на тимот, Лука Модриќ не се чувствува особено среќен во Реал Мадрид поради малата минутажа што ја добива.

Договорот на Хрватот со „кралскиот клуб“ истекува, но според последните информации тој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона. Сепак, за ова Модриќ ќе мора значително да ја намали платата.

-Колку што знам, Лука не е задоволен од фактот што добива 15 или 20 минути на теренот. Тој сака да игра што е можно повеќе. Можеби е малку чудно за 38-годишен играч да сака толку многу да игра, но Модриќ е во многу добра физичка форма и има потреба од натпревари. Колку повеќе игра, толку е подобар Лука. Тоа го покажува и во Реал Мадрид, изјави Златко Далиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан