• четврток, 26 декември 2024

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на партијата Алијансата за Албанците

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на партијата Алијансата за Албанците

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Зијадин Села на денешната прес-конференција изјави дека Основниот суд во Тетово вчера донел одлука со која тој се легитимира како претседател на партијата Алијансата за Албанците. 

-Да соопштам дека конечно Основниот суд во Тетово одлучи кој е претставник на Алијансата за Албанците. Оваа одлука е многу важна за нас. Вистина е дека печатите кои ја претставуваат партијата е само една симболика, но од друга страна е многу важна. Овој момент е еден од алатките на нашите противници за Алијансата за Албанците да остане без никакво политичко решение во оваа ситуација кога веќе сме влезени длабоко во изборниот процес и Алијансата за Албанците да не биде претставена како што треба и да не учествува во оваа политичка трка, рече тој.

Според Села, оваа одлука е важна за нив, бидејќи веќе е јасно кој е претставник на Алијансата за Албанците и е веќе јасно за сите дека Алијанса за Албанците е политички спремна да учествува на избори и да донесе добри резултати за овие избори.

Коментирајќи ги изјавите на претставниците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари дека ќе ја обжалат одлуката на судот, Села нагласи дека секој има право да ја обжали одлуката, но, како што посочи, во одлуката пишува дека се уважува барањето на конгресот претседател на партијата да биде токму тој. 

-Значи, не се работи за спор помеѓу мене и Таравари, туку се работи за одлука на конгрес кој е документиран со документи и потписи во Основниот суд во Тетово и таа одлука се уважува. Сега негово право е да обжали одлука на суд. Такво право има секој делегат на конгресот и секој член на партијата и мислам дека тој не само сега, туку требаше да биде претпазлив да не го злоупотреби печатот на партијата и неговиот потпис уште кога имаше одлука на конгрес, а тоа право постои од правен аспект. Јас на никој не можам да му го скратам, а од друга страна за жал тој не го искористи правото неговите ставови да ги каже и на Централното претседателство, а и на конгресот каде што беше повикан и каде што му беше местото. Ама по се изгледа веќе и по изјавите што доаѓаат од нивна страна тој е виден дел од хајката против Алијансата за Албанците уште од јуни 2023 според изјава на неговиот коалиционен партнер Изет Меџити, кој го соопшти кога отвораа штаб во Струга, дека тој процес почна од јуни 2023 година и според негова изјава рече дека првата цел е постигната. Од формален правен аспект Алијанса за Албанците припаѓа на членството на партијата, а претседател на Алијанса за Албанците сум јас – Зијадин Села, рече тој.

Села потсети дека тие поднеле пратенички листи како дел од Европскиот фронт.

-Да, поднесовме. Ние сме дел од Европскиот фронт. Јас веќе сум, појаснил дека планот беше да бидеме ставени во непожелна ситуација како политичка партија и од тој аспект сум појаснил за јавноста дека одлуката која ја донесовме беше да избереме една од двете можности. Во таа ситуација ние бевме во можност да бојкотираме или да не учествуваме на избори или да се припоиме кон некоја коалиција за да учествуваме во избори. И нормално ние одлучивме да бидеме дел од Европскиот фронт. Сега, како учествуваме, што е вашето прашање, јасно и гласно беше кажано и на митингот, собирот каде што потпишавме меморандум, ние сме таму како Алијанса за Албанците и Алијанса за Албанци не ја прави печатот, туку сите ние што сме тука сме некаков вид печат – Алијанса за Албанците, кои во клучни моменти сме дале придонес и Алијанса за Албанците денеска е тоа што е, рече Села. фф/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан