• сабота, 21 декември 2024

Села од Кичево: Убеден сум дека сте определени за политичка промена

Села од Кичево: Убеден сум дека сте определени за политичка промена
Кичево, 8 јули 2020 (МИА) - Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива под мотото „Сега е време" вечерва ја продолжија својата изборна кампања со промоција пред нивни членови и симпатизери на градскиот плоштад во Кичево. Африм Гаши, претседател на Алтернатива рече дека вечерва гледа Албанци кои не и припаѓаат на никоја партија и затоа добил храброст заедно со Села да продолжаат и во иднина заедно. - Треба да ја користиме секоја минута да ги убедиме луѓето заедно да го направиме промените. Денеска гледам дека ги доближуваме Албанците почитуван Села, така ќе остане и во иднина. Ако малку имате национално чувство излезете на 15 јули, бидеќи ако вие не гласате, ќе не спречите нас да направиме промена. На 15 јули ќе се случи историски пресврт, изјави Гаши. Алтернатива, посочи тој, направиле пресврт бидеќи навните активисти го увериле секој Албанец дека победата доаѓа. - На 15 јули секој гласач треба да знае дека тој со својот глас ќе отвори 25 илјади работни места, 20 проценти поголеми плати, невработеност под 10 проценти. Сите други градови се за промена, јас сум убеден дека и Кичево е определено за политичка промена, рече Гаши Преседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во својот говор пред присутните граѓани на Кичево, истакна дека ги бројат минутите и часовите до победата. - Градоначалникот кој се повикуваше на Албанците ги изневери, ги заборави, да албанците бираат премиер тогаш кога ти даваат глас, ние сме биле и во Сингелиќ кој сеуште не е уреден, бевме и во Шипковица и таму нема ни една шајка закована, Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците, закон за правична застапеност ќе биде донесен, во Кичево речиси само градоначалникот е Албанец од друга страна 70 проценти од администрацијата се од друга националност, рече Села. Албанците, дополни, бараат помош од Албанците за Албанците, администривците да бидаат спокојни нема да има одмазда. -Моја мотивација е да го задржиме албанецот тука, албанците ќе се унапредуваат и нема да се избркаат. Пеесетина луѓе треба да одговаарат пред вас, вие на 15 јули почитувани гласајте, ние ќе ги носиме промените, на 15 јули сите да бидеме одлични со петки, порача Села. Присутните ги поздравија и го побараа нивниот глас и кандидатите за пратеници од оваа коалиција Сирија Рашиди и Ремзи Мехмеди. рз/оџ/

Остани поврзан