• среда, 25 декември 2024

Села: Ако во јуни нема датум за преговори Владата го губи целосно кредибилитетот

Села: Ако во јуни нема датум за преговори Владата го губи целосно кредибилитетот
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба тоа да го реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече вечерва лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во гостување на ТВ21. Во тој случај, според него, ќе се оди на избори во октомври. Тој го повтори ставот на неговата партија дека доколку дојде до промена на Изборниот законик тогаш тие ќе бараат да има осум изборни единици, а не една како што бараат помалите партии. Според него, со осум изборни единици се добива реалната слика во државата поделена по економски региони, решение за кое вели дека има и анализи кои го потврдуваат тоа како најдобро можно решение. лв/вг/

Остани поврзан