• недела, 24 ноември 2024

Селаковиќ-Дендиас: Инфраструктрурна и енергетска поврзаност и одржување на трилатерална средба со Северна Македонија

Селаковиќ-Дендиас: Инфраструктрурна и енергетска поврзаност и одржување на трилатерална средба со Северна Македонија
Белград, 5 април 2021 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Србија и Грција, Никола Селаковиќ и Никос Дендиас, денеска во Белград водеа разговори за евроинтеграциите, миграциите, енергетиката, одбраната и договорене е одржување на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Северна Македонија за енергетското поврзување, јави дописникот на МИА од Белград. -Србија по изградбата на гасоводот Турски тек, заинтересирана е и за диверзификација на изворите и правците, важна е изградбата на интерконекторот помеѓу Србија и Бугарија, кој ќе овозможи поврзување на Србија со гас со грчкото пристаниште Александрополис и јас ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Дендиас за потребата за организирање на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Севрна Македонија, изјави Селаковиќ на прес конференција, додавајќи дека на оваа средба на Крф треба да бидат не само шефовите на дипломатијата, туку и министрите за сообраќај, инфраструктура, енергетика. -За ова разговарав и со министерот Бујар Османи и двајцата се согласивме да ја подржиме оваа иницијатива и да учествуваме во таков формат, изјави Селаковиќ. Понудата за одржување на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Северна Македонија ја најави и грчкиот министер Дендиас. -Што се однесува до енергетиката, разговаравме како да ја засилиме поврзаноста на земјите во регионот и понудив и благодарам што е прифатено да се одржи трилатерален состанок меѓу Грција, Србија и Северна Македонија, можеме тоа да го оствариме на Крф, за да разговараме за поврзаноста на регионот, изјави Дендиас. На средбата разговарано е и за важноста на инфраструктурни проекти и сообраќајната поврзаност. -Планираме да изградиме брза пруга до Ниш, а после тоа сме заинтересирани да ја изградиме јужната гранка на таа пруга, што ќе минува низ Северна Македонија до Грција, поточно до Солун. Ова се стратешки важни проекти за целиот регион, кажа Селаковиќ. Тој оцени дека односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво, а Селаковиќ се заблагодари на Грција за поддршката во евроинтеграциите и почитувањето на територијалниот суверенитет на Србија. -Грција отсекогаш била со Србија и со сите учесници на Западен Балкан кои се посветени на европскиот пат и кои својата иднина ја гледаат во Европската унија, изјави Селаковиќ. Министерот Дендиас изјави дека дава големо значење на оваа посета додавајќи дека најважно е да се имплементира Декларацијата за стратешко партнерство потпишана во 2019 година чијашто примена е попречена од пандемијата на коронавирусот. Тој додаде дека Грците со нетрпение очекуваат „да го угостат братскиот српски народ во Грција ова лето“. -Грција по 10 години криза се враќа на Балканот и ние сакаме грчките компании да инвестираат во Србија, изјави Дендиас. об/ац/

Остани поврзан