• вторник, 24 декември 2024

Села: Со уставните измени да се тргне и одредбата за 20 отсто за употребата на албанскиот јазик

Села: Со уставните измени да се тргне и одредбата за 20 отсто за употребата на албанскиот јазик

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Зијадин Села, претседател на Алијансата на Албанците денеска одржа прес-конференција во Собранието на која од премиерот Христијан Мицкоски побара со уставните измени да се укине и законската одредба за граѓаните кои се над 20 отсто односно за употребата на албанскиот јазик. 

Села кажа дека го „предвизвикува“ Мицкоски по неговото интервју за косовската телевизија во која тој кажува дека нема ништо против албанскиот јазик.  

-Мислам дека е дојдено времето еве уште еднаш да го тестираме. Јас овој прес го свикав за да јавно го повикувам, оваа негова изјава да не биде само изјава за да изгледа симпатичен пред Албанците, туку да седнеме, да иницираме уставни измени, и така ние треба да ги направиме уставните измени во врска со деблокирање на патот кон ЕУ, а истовремено да се укине таа срамна дефинција која постои во Уставот, а тоа е јазикот кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик. А во Уставот треба да стои, тоа е наша кауза како АА, албанскиот јазик, рече Села.

Ако нема ништо против ниту тој , ниту други на кои се повикува, а претпоставувам дека има авторитет кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ, па заедно со нив можеме да ги достигнеме бројките, и ако нема ништо против да го укинеме онаа дефиниција и во Уставот да стои албанскиот јазик.

За Уставниот суд, рече дека го повикува да размисли каква одлука ќе донесе бидејќи, според него, не треба да се игра со етничките прашања. ев/са/

Фото: Принтскрин

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан