• четврток, 26 декември 2024

Секторот за превенција при СВР-Штип им дели заштитни маски на граѓаните

Секторот за превенција при СВР-Штип им дели заштитни маски на граѓаните

Штип, 7 мај 2020 (МИА) - Секторот за внатрешни работи-Штип денеска го одбележа Денот на полицијата со делење заштитни маски на граѓаните. Началникот на Секторот за превенција при СВР-Штип, Ангелчо Стојановски, вели дека денеска реализираат превентивна активност.

- Сите граѓани кои ќе бидат затекнати да не носат заштитни маски, нема да бидат преземени репресивни мерки против нив, туку ќе им биде поделена една маска, сè со цел сите заеднички да се бориме против коронавирусот, вели Стојановски.

Тој истакна дека денеска во оваа превентивна акција ќе се поделат 200 заштитни маски за граѓаните кои не носат. Се заблагодари што граѓаните ги почитуваат мерките, кои се преземени од страна на Владата. вдј/ир

Остани поврзан