• среда, 25 декември 2024

Секретарот на САД за морнарица вели дека мултинационалната воена вежба е демонстрација за Кина

Секретарот на САД за морнарица вели дека мултинационалната воена вежба е демонстрација за Кина

Вашингтон, 21 јули 2023 (МИА) - Американскиот секретар за морнарица Карлос Дел Торо денеска изјави дека големата мултинационална воена вежба започната во Австралија е порака до Кина дека сојузниците на САД работат заедно за да ја одбранат својата безбедност и демократските вредности.

Традиционалните воени вежби започнаа во 2005 година од страна на САД и Австралија и се одржуваа секоја година, но оваа година се проширени на 13 земји и повеќе од 30.000 војници.

Дел Торо и неговиот австралиски колега Ричард Марлс ги поздравија поблиските билатерални воени врски на почетокот на вежбата во поморската база во Сиднеј.

Дел Торо рече дека копнените, поморските и воздушните системи на војската стануваат сè покомплексни и сојузниците мора да се обучуваат заедно за да работат како единствена работна група.

„Најважната порака што Кина може да ја преземе од оваа вежба и сето она што нашите сојузници и партнери го прават заедно е дека сме исклучително поврзани со основните вредности што ги споделуваме со бројјни земји“, им рече Дел Торо на новинарите.

Дел Торо и Марлс се оптимисти за напредокот на таканаречениот договор АУКУС, според кој САД и Велика Британија ќе и обезбедат на Австралија флота од подморници со американска нуклеарна технологија.

На овогодинешната вежба која завршува на 4 август учествуваат Фиџи, Франција, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Тонга, Британија, Канада и Германија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан