• петок, 27 декември 2024

Секој трет самохран родител во Британија ги прескокнува оброците поради зголемените цени

Секој трет самохран родител во Британија ги прескокнува оброците поради зголемените цени

Лондон, 24 ноември 2022 (МИА) - Речиси една третина од самохраните родители во Велика Британија почнале да прескокнуваат оброци за да заштедат на намирници чии цени драстично пораснале поради инфлацијата, покажа новото истражување на групацијата за потрошувачи Кои? (Which?).

Три до десет анкетирани домаќинства со самохрани родители во истражувањето изјавиле дека прескокнуваат оброци поради поскапувањето на храната, пренесува „Гардијан“.

„Нашето истражување покажа дека семејстватаво Обединетото Кралство се борат со зголемените трошоци за живот, а самохраните родители најверојатно прескокнуваат оброци или се обраќаат во добротворни организации за да врзат крај со крај“, рече Росио Конча, директорка за политика и совети.

Остани поврзан