• сабота, 21 декември 2024

Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирусот

Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирусот

Лондон, 16 август 2023 (МИА) - Секој трет маж во светот е заразен со барем еден генитален хуман папиломавирус (ХПВ), покажа студијата објавена денеска од водечкиот британското научно списание „Лансет“.

Студијата додава дека, врз основа на 65 студии спроведени помеѓу 1995 и 2022 година, глобалната преваленца на ХПВ инфекција кај мажите е 31 процент за кој било тип на ХО и околу 21 процент за високоризичен ХПВ.

„Сексуално активните мажи, без разлика на возраста, се голем резервоар на генитални ХПВ инфекции“, се наведува во студијата, додавајќи дека постои голема потреба мажите се повеќе да се вклучат во сеопфатна стратегија за превенција на ХПВ, со цел да се намали морбидитетот т.е. бројот на пациенти и смртноста, односно бројот на смртни случаи од болести поврзани со ХПВ. 
ХПВ е најчеста сексуално пренослива вирусна инфекција во светот, при што повеќето сексуално активни мажи и жени добиваат барем една генитална ХПВ инфекција во текот на нивниот живот.

Над 200 типови на ХПВ можат да се пренесат сексуално, додека најмалку 12 видови се канцерогени или предизвикуваат рак. зш/
фото Пиксабеј

Остани поврзан