• среда, 27 ноември 2024

Секојдневно нови пожари по тетовските ниви, потребно е и во руралните општини да има пожарникари

Секојдневно нови пожари по тетовските ниви, потребно е и во руралните општини да има пожарникари
Тетово, 17 јули 2021 (МИА) - Во атарот на село Прељубиште вчера пожарникарите интервенираа на нов пожар на ниви со пченица. Изгорени се нови десетици декари од кои наместо да се собере приносот за кратко време останал само пепел. Командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити потсетува на потребата и во руралните општини да се формираат противпожарни единици барем за првично интервенирање при пожари со цел додека се чекаат пожарникарите од Тетово да се спаси колку што може од имотот на граѓаните. - Потребен е само еден камион да се набави од руралната општина и да се обучат неколку луѓе за првична интервенција додека да дојдеме ние. Така ќе ги заштитат сопствени граѓани и нивниот имот кој со маки го стекнуваат и се во опасност од вакви пожари да го снема за кратко време. Сметам дека ова треба да биде прироритет на програмите на сите идни градоначалници, изјави Ука Алити. Според законот за пожарникарство во општините со над 24 илјади луѓе треба да има еден пожарникар на секои 1500 жители. Од шестте тетовски општини само една е под 24 илјади жители. Тетовската противпожарна единица има 70 пожарникари. ас/цр  

Остани поврзан