• среда, 25 декември 2024

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ: Регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер со епицентар во Охридско

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ: Регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер со епицентар во Охридско

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6.

- Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. ир/аа/

 

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан