• сабота, 27 јули 2024

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари
Вашингтон, 8 декември 2020 (МИА) - Новинарот на „TSN“, Пјер Лебрун изјави дека претстојната сезона во најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ, може да започне на 13 јануари. Исто така, според него, секој тим ќе одигра по 56 натпревари, наместо вообичаените 82. Во моментов, дијалогот меѓу лигата и играчите продолжува. За потсетување, сезоната 2020/21 требаше да започне на 1 јануари 2021 година. Минатата сезона се играше со скратен распоред во Торонто и Едмонтон поради пандемијата на коронавирусите. Трофејот го освои Тампа Беј, кој во финалето го победи Далас со 4-2 во серија. зс/

Остани поврзан