• среда, 25 декември 2024

Сежурне: Преговорите за прекин на огнот во Газа напредуваат

Сежурне: Преговорите за прекин на огнот во Газа напредуваат

Ријад, 29 април 2024 (МИА) - Преговорите за прекин на огнот во Газа напредуваат, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне во Ријад, каде што треба да се сретне со други арапски и западни министри, како и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Работите се движат напред, но секогаш треба да бидете внимателни во овие дискусии и преговори. Ситуацијата во Газа е катастрофална и ни треба прекин на огнот“, рече Сежурне. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан