• вторник, 24 декември 2024

Сежурне повикува на соработка меѓу француските центристи за нова законодавна програма

Сежурне повикува на соработка меѓу француските центристи за нова законодавна програма

Париз, 13 август 2024 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне, денеска ги повика „републиканските партии“ во земјата да ги надминат своите разлики и да се обединат околу заедничка законодавна програма.

Сежурне е генерален секретар на центристичката партија Преродба (Ренесанс) на претседателот Емануел Макрон, која загуби од левичарскиот Нов народен фронт (NPF) во вториот круг од парламентарните избори во јули.

Политичките активности повторно ќе се интензивираат во Париз по двонеделниот прекин за Олимписките игри, бидејќи NPF и Ренесанс ќе се борат за формирање на функционална влада. Ниту една партија или сојуз нема мнозинство во Националното собрание, Долниот дом на Француското собрание.

Во писмо објавено на социјалната мрежа Икс, Сежурне изјави дека неговиот центристички блок е подготвен да предложи „акциски план“ за справување со седум клучни приоритети, вклучувајќи ја економската сувереност на Франција, нејзината безбедност и одбрана, животната средина и јавните услуги.

Објавата е адресирана до француските републикански партии, со што се претпоставува дека ги исклучува крајно десничарскиот Национален собир, како и екстремно левичарската „Непокорна Франција“ на Жан-Лук Меланшон.

Сепак, обидите на Сежурне да ги обедини центристичките партии во Франција би можеле да се покажат како тешки, наведува ДПА. ссм/

фото: 

Остани поврзан