• среда, 25 декември 2024

Седум припадници на сириските сили загинаа во напад на џихадистите на Исламската држава

Седум припадници на сириските сили загинаа во напад на џихадистите на Исламската држава

Бејрут, 9 декември 2023 (МИА) - Најмалку седум припадници на прорежимските сили се убиени во напад на џихадистите на Исламската држава (ИД) во Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).

-Напаѓачи на мотоцикли отворија оган врз воен контролен пункт и убија најмалку седум прорежимски борци, изјави директорот на невладината Опсерваторија, Рами Абдел Рахмане.

Меѓу убиените припадници на режимските сили има Сиријци и странци.

ИД неодамна ги засили нападите во Сирија, особено од огромната сириска пустина каде што нејзините борци се повлекоа, откако изгубија голем дел од територијата што претходно ја контролираше екстремистичката организација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан