• четврток, 26 декември 2024

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден,  полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници. -При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата. ки/бак/

Остани поврзан