• среда, 27 ноември 2024

Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ

Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица.

Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина. 

Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај. ев/бак/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан