• четврток, 19 декември 2024

Седум македонски каратисти викендов на ИТКФ Интернационалниот куп во Вроцлав

Седум македонски каратисти викендов на ИТКФ Интернационалниот куп во Вроцлав

 

Вроцлав, 8 март 2024 (МИА) – Македонската репрезентација во традиционално карате овој викенд ќе настапи на ИТКФ Интерконтиненталниот куп во полскиот град Вроцлав.

Македонското карате ќе има претставници во сите возрасни категории во поединечна конкуренција во кати, кумите и фукуго за деца, кадети, јуниори и сениори.

За македонската репрезентација ќе настапат: Аљоша Недев и Јадранка Недева во кати за сениори, Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Софија Јарчевска во кадетска конкуренција во кати и џиу ипон кумите како и најмладите напреварувачи Филип Недев и Максим Поп Трпев во кати и кихон ипон кумите за деца.

Македонската делегација ја предводат Венцислав и Дејан Недев. ег ФОТО: МТКФ

Остани поврзан