• недела, 24 ноември 2024

Седум лица загинаа во напади врз пакистанските безбедносни сили во близина на границата со Авганистан

Седум лица загинаа во напади врз пакистанските безбедносни сили во близина на границата со Авганистан

Исламабад, 12 мај 2024 (МИА) - Најмалку седум членови на пакистанските безбедносни сили се убиени во два одвоени напади во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска војската, јави ДПА.

Во првиот напад, според војската, импровизирана експлозивна направа таргетираше возило на одредот за деактивирање бомби во областа Дата Кел во провинцијата Северен Вазиристан. По експлозијата милитантите отвориле оган.

Петмина припадници на безбедносните сили загинаа, а двајца се ранети.

Во вториот напад, милитантите упаднаа на контролен пункт во регионот Мир Али и убија двајца војници.

Пакистан бележи зголемување на нападите од пакистанските талибанци откако нивните авганистански колеги ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година, наведува ДПА.

Последните напади доаѓаат неколку дена откако милитантите експлодираа бомба во женско училиште во Северен Вазиристан, и самиот регион познат како жариште на исламистичките милитантни активности. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан