• петок, 27 декември 2024

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

Москва, 23 мај 2024 (МИА) - Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар што денеска избувна во куќа во градот Истра во Московската област, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Пожарот бил пријавен утринава околу четири часот по локално време, а пожарникарите го изгаснале до девет часот.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека една жена е хоспитализирана, а регионалното обвинителство отвори истрага за инцидентот. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан