• среда, 18 декември 2024

Седуммесечно бебе починало на Детската клиника во Скопје, директорот вели дека имало здравствени проблеми

Седуммесечно бебе починало на Детската клиника во Скопје, директорот вели дека имало здравствени проблеми

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА појаснува дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.

Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција. 

Телото на бебето е пратено на обдукција на Патологија. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан