• среда, 25 декември 2024

Седумдесет канадски гимнастичарки се жалат на емоционална и сексуална злоупотреба

Седумдесет канадски гимнастичарки се жалат на емоционална и сексуална злоупотреба
Отава, 29 март 2022 (МИА) - Група од седумдесетина сегашни и поранешни спортистки повикаа на независна истрага за „токсичната култура и навредливите работни практики“ присутни во канадската гимнастика. - Не можеме повеќе да молчиме. Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства за злоупотреба, занемарување и дискриминација со надеж дека ќе направиме разлика. Бараме да се преземе акција за да се спречи следната генерација канадски гимнастичари да ја избегнат физичката и психолошката траума што моравме да ги издржиме, се вели во отвореното писмо испратено до шефот на Одделот за спорт на Владата на Канада. Писмото открива дека канадската гимнастика има просперитетен култ на емоционална, физичка и сексуална злоупотреба од страна на тренери против спортистки, од кои многу се малолетни. - Сегашното раководство на „Гимнастик Канада“ не успеа да ги реши овие прашања и да ја заработи довербата на спортистите. Нејзиниот неуспех да одговори адекватно на тековната системска злоупотреба и дискриминација е загрижувачки, стои во отвореното писмо, објави Би-би-си. Претходно слични обвинувања имаше и од репрезентациите во гимнастика на САД, Велика Британија, Австралија и Грција. зс/

Остани поврзан