• недела, 28 јули 2024

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) -  На патот Делчево -  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. мд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан