• четврток, 26 декември 2024

Седуманесет лица во Охрид завршија обука за лични асистенти на лица со попреченост

Седуманесет лица во Охрид завршија обука за лични асистенти на лица со попреченост
Охрид, 16 ноември 2022 (МИА) - Седумнаесет лица ја завршија обуката за „Лична асистенција на лица со попреченост“ што изминатите два месеци ја спроведе општинската организација на Црвениот крст од Охрид со поддршка на Локалната самоуправа. Кандидатите кои успешно го положиле финалниот испит, како што соопшти Црвен крст -Охрид, се стекнале со основни познавања за видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попреченост, како и помош на корисникот во домот и начинот на комуникација со лицата со попреченост. Трошоците на овие лица кои ќе даваат услуги до крајните корисници ќе ги покриваат Министерството за труд и социјална политика и Црвенниот крст.сс/са/

Остани поврзан