• сабота, 23 ноември 2024

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за финансирање и буџет

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за финансирање и буџет

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во Собранието за денеска се најавени седници на комисиите за европски прашања, за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.  

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, двата по скратена постапка. 

Пред Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација и Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, двата по скратена постапка.

Законите за кои ќе расправаат комисијата за европски прашања и за финансирање и буџет треба да бидат разгледани и од Законодавно-правната комисија, која, пак, ќе расправа и по Барање за давање автентично толкување на член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија„ број 32/20 и 111/23) поднесено од пратеникот Мартин Костовски.лв/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан