Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно - правната комисија.
![Седници на две собраниски комисии](https://new.mia.mk/index.php/images/20240319200909_big_730x400_25.webp )
Скопје, 20 март 2024 (МИА) – Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно - правната комисија.
На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог измените и дополнувањата на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, двата по скратена постапка. дма/бак/
Фото: МИА архива