• четврток, 26 декември 2024

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог измените и дополнувањата на Законот за експропријација, предлог измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, како и Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледаат годишните извештаи за работа на Агенцијата за пошти за 2021 и за 2022 година, Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2021 година, како и годишните извештаи за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2021 и за 2022 година. дма/вг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан