• недела, 28 јули 2024

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии
Скопје, 20 април 2022 (МИА) - Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година. Членовите на Комисијата за здравство и на Законодавно - правна комисија треба да го разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. дма/бак/

Остани поврзан