• петок, 27 декември 2024

Седница на Централниот одбор на СДСМ 

Седница на Централниот одбор на СДСМ 

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - СДСМ вечерва одржува седница на Централниот одбор. Како што потврдија за МИА од партијата, една од темите ќе биде подготовката за претстојниот конгрес. 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, изјави дека на конгресот на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен одбор, како и целокупното партиско раководство. Најави и дека ќе се дискутира за идните политики и делувања на партијата. 

- За 24 ноември е закажан конгресот на СДСМ на кој ќе се избере новиот Централен одбор од кој ќе произлезат новиот Извршен одбор и целокупното партиско раководство, по што сите активности ќе се засилат, рече Филипче.

Притоа, Филипче потенцираше дека во моментов во СДСМ се случува значајна консолидација и активно се работи на враќање на довербата во партијата. мч/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан