• четврток, 26 декември 2024

Седница на Судски совет (во живо)

Седница на Судски совет (во живо)
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија одржува седница на која ќе избере нов претседател. Согласно новиот Закон за судски совет, кој стапи на сила минатата година, изборот на претседател на Судскиот совет се врши од членовите на советот со право на глас кои се избрани од Собранието, со мандат од две години, без право на реизбор. Досегашниот претседател на Судскиот совет Киро Здравев стапи на функцијата на 27 април 2019 година. Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови, на предлог на Претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор. аа/оџ/  

Остани поврзан